Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава од висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот извор рекол дека крајна дестинација на Груевски е Русија или Турција.
Во текстот, бугарската агенција ги цитира и изјавите на премиерот Зоран Заев кој вчера го постави прашањето дали Груевски заминал доброволно или можеби е киднапиран.
„Ќе направам сè за Груевски да ја отслужи казната во Македонија. И јавно го поставувам прашањето – дали Груевски ја напуштил Македонија доброволно или можеби бил киднапиран. Очекувам одговори од Груевски и од Унгарија“, рече вчера Заев.
Денеска, пак, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека со целата тежина на премиерската функција Заев ја обвинил Република Унгарија дека го киднапирала Груевски.
„Со сета тежина на премиерската функција, Заев вчера на два пати ја обвини Република Унгарија дека киднапирала македонски граѓанин, поранешен премиер, почесен претседател на опозицијата, притоа, лице кое е дел од правен процес. Ваков срам Република Македонија не заслужува, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
извор: Makfax
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.