Бугарското МНР штрајкува за повисоки плати

Вработените во бугарското Министерството за надворешни работи од денеска почнуваат со штрајк поради ниските плати.

Бугарското МНР штрајкува за повисоки плати

Вработените во секторот денеска ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат службените задачи, изјави за БТА претседателот на Синдикатот на државните службеници од Дипломатските служби Мартин Колев.

Според него, во моментов не е планирано да протестираат пред министерството. Колев потсети дека официјалните лица тоа го направиле во средата. Просечната плата во тоа бугарско министерство е од 800 до 1.000 лева, објавија локални медиуми. Платите на вработените во МНР треба да се зголемат за 30 отсто. Тоа му го предложил бугарскиот министерот за надворешни работи Николај Милков на вршителот на должноста премиер Галаб Донев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.