Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави дека од сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масовното снабдување на Русија со артилериски гранати, што се користат на украинскиот фронт.
Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите, истакна Буданов.
Тој додаде дека Украина во моментот не може ништо да преземе против тоа.
Буданов оцени дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“, со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.
САД и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека ѝ доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија врз Украина, која трае од февруари 2022 година, но Пјонгјанг ги негира обвинувањата.