Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го распушти Бундестагот и најави предвремени парламентарни избори за 23 февруари 2025 година.„Тешките времиња“ бараат функционална влада, рече Штајнмаер во објаснувањето на својата одлука.„Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за благосостојбата на нашата земја“, изјави Штајнмаер, пренесуваат германските медиуми.Политичките партии во Германија веќе се договорија датумот на изборите да биде 23 февруари, но за тоа беше потребно распуштање на Бундестагот, согласно член 68 од германскиот Устав.Канцеларот Олаф Шолц побара од Бундестагот гласање за доверба минатиот понеделник и го загуби гласањето откако се распадна владејачката коалиција.Тој тогаш му предложи на Сојузниот претседател Бундестагот да се распушти и со тоа да се отвори вратата за нови избори, а според Уставот, Сојузниот претседател тоа може да го направи во рок од 21 ден, но не е должен да го стори тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: