Бунтовниците убиле 115 сириски полицајци?

Сирискиот провладин дневен весник „Ал-Ватан” тврди дека бунтовничките сили убиле 115 полицајци во борбите за полициската академија на северот на земјата, јави агенцијата АП.

Весникот наведува дека „терористите” ја нападнале полициската академија во близина на градот Алепо.
Сириските организации за човекови права јавија дека бунтовниците го зазеле комплексот на академијата Кан ал-Асал употребувајќи тенкови и додаваат дека најмалку 120 војници и 80 бунтовници загинале во борбите.
Макфакс
Сирискиот провладин дневен весник „Ал-Ватан” тврди дека бунтовничките сили убиле 115 пол

Пронајдете не на следниве мрежи: