На денешната седница на Фудбалската федерација на Србија се случил инцидент кој го предизвикал членот на извршниот одбор Новица Тончев кој го обвини селекторот и неколку други членови на српската делегација дека земале многу пари како бонус.
Србија имаше разочарувачки настап на Светското првенство во Катар, а лошата атмосфера се прели во Фудбалската федерација на оваа земја.
Денеска се одржа седница на федерацијата по повод резултатот во Катар, а на неа Пикси е обвинет дека добил бонус од милион ипол евра за пласманот во Катар, а в.д. претседателот на федерацијата, Бјековиќ како и генералниот секретар Јован Шурбановиќ и директорот Стеван Стојановиќ си поделиле по 350.000 евра.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.