Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во Лондон на самитот на Берлинскиот процес, денеска на Фејсбук објави оти потпишал „Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток“.
Сепак „Бурсток“ не е американско-британска компанија од воената индустрија, туку само британска. И таа не е компанија која инвестира во воени фабрики, туку консултантска куќа која им овозможува на влади или компании да стапат во контакт со фирми од различен опсег.
Тоа го пишува на нејзината официјална веб-страница…
Што пишува самата за себе компанијата „Бурсток“ на нејзината веб страница:
„Црпејќи од нивното богато искуство работејќи за британската влада во многу различни земји, но особено во регионот на Заливот и Западен Балкан, Џорџ (Базби) и Барни (Вајт-Спанер) воспоставија модел што им овозможува да се потпрат на мрежа од висококвалификувани експерти со неспоредлива експертиза во широк спектар на области на политиката. Тие се поддржани од мал, долгогодишен и посветен извршен тим. Предноста на овој модел е што ја наоѓаме личноста што е најсоодветна да му помогне на клиентот и ја оспособуваме да испорача – го прилагодуваме тимот кон клиентот, а не клиентот кон тимот.
Имаме експертиза во многу комерцијални сектори и посебно познавање на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето. Составуваме специјализирани тимови за да ги задоволиме потребите на клиентот за да решиме и да се осигураме дека секој добива високо специјализиран и квалитетен резултат“.
Бурсток само ќе ги претстави можностите на Македонија кон такви заинтересирани фирми. Како што вели самата фирма – „му помагаме на клиентот“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



