Бучковски отвори сопствен бизнис, поранешниот премиер стана сопственик на трговска компанија

Поранешниот премиер , и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влегол во бизнис-сферата и станал сопственик на приватна компанија, објави „Фактор“.

Според податоците од Централниот регистар, Бучковски од крајот на минатата година е единствен сопственик на друштвото „Хербос ДООЕЛ Скопје“, компанија основана на почетокот на 2025 година. Фирмата е регистрирана за трговија на големо со пијалаци, а како управител е наведена Елисавета Коваческа Коруноска.
Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, наведувајќи дека деловното ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој не открил дополнителни детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време за подетални објаснувања.
Инаку, Владо Бучковски, по заминувањето од премиерската функција, се повлече од активната партиска политика и се врати на  работа како професор на Правниот факултет при УКИМ.  Против него имаше кривична пријава и долгогодишен процес за увоз на делови за тенкови , од бугарскиот контингент, како мниситер за одбрана и тоа остана  без конкретна информација во јавноста  што се случи. Потоа тој беше ангажиран од премиерот Зоран Заев за посредник во македонскот-бугарските односи и остана и тоа да виси до кога од кога и какви резултати постигна.
Бучковски е доктор по правни науки и долгогодишен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Функцијата министер за одбрана ја извршуваше во периодот на вооружениот конфликт во 2001 година, а од 2004 до 2006 година беше претседател на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: