недела, 29 ноември 2026
Најново

Парите на пари одат: Роналдо инвестираше 34,5 милиони евра во луксузна вила, следува свадбата со Џо, па продажбата? (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изградбата на луксузна вила во Кашкаиш, Португалија, по повеќе од три години, е при крај, но се чини дека таа нема долго да биде во рацете на сопственикот Кристијано Роналдо.

Во септември 2022 година, фудбалската ѕвезда купи голема парцела земја во областа Кинта да Мариња со цел да создаде оаза за своите пензионерски денови и живот со семејството. Инвестирани се 34,5 милиони евра, но веќе не станува збор за пари, туку за приватност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Роналдо наводно е на работ да се откаже од планираниот луксуз – осум спални соби, отворен базен со прекрасен поглед, подземна гаража, приватно кино… – поради неуспешен обид да обезбеди дополнителна интимност со купување на околното земјиште и дел од голф теренот во сопственост на хотелот „Оитавос“.

Луксузната вила сигурно нема да остане целосно неискористена. Постојат навестувања дека Роналдо би можел да организира свадба со свршеницата Џорџина Родригез во неа , пред да донесе конечна одлука за нејзината судбина, а можеби се работи за маркетиншки потег. Нема сомнение дека имотот ќе чини многу, многу повеќе ако се знае дека Роналдо престојувал таму и каде што се оженил со Џо.
The post Парите на пари одат: Роналдо инвестираше 34,5 милиони евра во луксузна вила, следува свадбата со Џо, па продажбата? (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести