Бучковски смета дека на Заев ќе му пресуди Законот за амнестија

Владеењето на правото во Македонија – според потребите. Ова остана како заклучок по синоќешното гостување во Вестите на ТВ “Канал 5“ на поранешниот премиер од редовите на СДСМ и професор на Правниот факултет во Скопје, Владо Бучковски. Или кажано и со други зборови – Сега е поважно да се смени Уставот отколку да се почитува владеењето на правото.
Според Бучковски сегашниот премиер Зоран Заев ќе плати голема политичка цена за Законот за амнестија, со кој пред Нова година им овозможи ослободување од обвиненијата на петнаесетмина учесници во настаните од 27 април, и тој ќе му пресуди.
Професорот по право, Бучковски смета дека сега било поважно да се смени Уставот отколку да се почитува владеењето на правото.
-Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото – рече Бучковски на “Канал 5“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.