Буш: Инвазијата на Ирак беше брутална… Мислев на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја опиша инвазијата на Ирак како „брутална“ и „неправедна“. Тој потоа се поправи и појасни дека ја имал предвид руската офанзива во Украина, пренесе Ројтерс.

Републиканецот ги даде овие коментари за време на говорот во Далас во кој го критикуваше политичкиот систем на Русија.

„Резултатот е недостаток на поделба на власта во Русија и одлука на човекот да започне целосно неправедна и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш. Мислев на Украина“, рече тој, одмавнувајќи со главата и на шега додаде: „Имам 75 години“.

Во 2003 година, тогашните Соединетите Американски Држави предводени од Буш го нападнаа Ирак откако разузнавачките служби протекоа информации дека режимот на Садам Хусеин има оружје за масовно уништување. Такво оружје не беше пронајдено, а стотици илјади луѓе загинаа во осумгодишниот конфликт.

Во својот говор, поранешниот американски претседател го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со Винстон Черчил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.