Ќучук на Твитер: Македонското собрание испиша историја, а со тоа се отворија вратите за членство на земјата во ЕУ

Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, смета дека македонското собрание пишува историја денес за европска иднина на земјата.

Македонското собрание денес испиша историја за иднината на Северна Македонија. Со 68 гласа „ЗА“ беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред! 🇪🇺🇲🇰 – напиша на Твитер известувачот за Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.