Буш се јави – време е за нова одлука

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш денес испрати порака со која не охрабрува да излаземе на Референдумот и да гласаме ЗА. Неговото прво јавување беше пред Референдумот со кој се откажавме од Струга, Кичево и Тетово. Буш се јавува кога македонскиот народ е пред големи одлуки.
Тогаш Референдумот не смееше да успее, сега кога Македонија одлучува за промена на своето уставно име тој вели дека мора да успее. САД ја признаа Република Македонија под уставото име на 4 ноември 2004 г., но се согласија тоа да биде само за билатерална употреба, што тогаш остана необелоденето.
Тоа се случи на само три дена пред Референдумот за новата административна поделба со која се албанизираа делови од земјата ( во Струга, Кичево и Тетово доминантно население стана албанското) и се воведе двојазичност на Скопје. Претседател на Р. Македонија тогаш беше Бранко Црвенковски.
Пораката што Буш ја испрати денеска не охрабрува да излеземе на Референдумот и да гласаме ЗА промена на уставното име на Република Македонија.
Дали станува збор за иронија или е само коинциденција, останува секој сам да си процени.    

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.