Бујар Османи бара од премиерот Заев да не го користи зборот „метла“

Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции побара од премиерот Зоран Заев во јавните настапи да не го користи зборот „метла“ затоа што тоа било компромитирачки за другите.
– Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на коалиционата влада. Неприфатливо е да се користи таков термин, дури и кога станува збор за промени во државните функции – изјави Османи.
Премиерот Зоран Заев најави промени во сите државни ешалони, дури и во самиот СДСМ, но и во администрацијата затоа што смета дека таму се прават опструкции и не се даваат очекуваните резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи: