Бујар Османи во изолација, ќе се тестира дали има коронавирус

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник, кога ќе направи тестирање на Ковид-19.
-По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно. Бидете здрави!, напиша Османи на својот профил на „Фејсбук“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.