„Речиси 10 години ги славевме облините, но сега работите се менуваат“, изјави претседателот на Американското здружение на пластични хирурзи.Американското здружение на пластични хирурзи претстави интересни информации во својот годишен извештај за 2023 година.Според извештаите, побарувачката за естетски корекции – кога станува збор за зголемување на градите и задникот – е во опаѓање, бидејќи стапи на сила нов тренд.Благодарение на зголемената популарност на т.н „оземпик диета“, луѓето масовно прибегнуваат кон изгледот на балерина/тен. Тоа подразбира „слабо тело“ со мал процент на мускулна маса.Обликот на женското тело кој е популарен во последните десет години – бујните гради и големата задна страна – веќе не е „тренди“. Според претседателот на споменатото здружение Стивен Вилијамс, жените сега масовно бараат намалување на градите и задникот за да го постигнат посакуваниот изглед.Фиби Епгејл, модна критичарка, објаснува дека новиот тренд – телото на балерина – е комбинација од тенок изглед и само мал процент на мускулна маса.Пример за таков тренд, вели таа, е појавувањето на британската манекенка Кејт Мос, т.н. хероински шик изглед , по чие тело лудуваа модните дизајнери во текот на деведесетите.
Пронајдете не на следниве мрежи: