Буџет за образование и наука 45,7 милијарди денари, 1,1 милијарда денари повеќе од лани

„Ние, како парламентарно мнозинство предводено од Вмро-Дпмне, имаме обврска да поставиме нови стандарди, да го исправиме она што беше погрешно и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните“, рече Драгана Бојковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во расправата на Комисијата за Предлог-буџетот за 2026 година.

Според неа, најважниот сегмент што ја одредува иднината на Република Северна Македонија е инвестирањето во младите и образованието.

Бојковска нагласи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја зајакнува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и ги создава условите што ги заслужуваат младите луѓе.

„Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе отколку во 2025 година“, рече Бојковска.

Бојковска информираше за средствата издвоени за образование.

„Во високото образование, 11.290 милиони денари – зголемување од 315 милиони. Зголемување има за УКИМ, за Универзитетот „Св. Климент“ – Охрид во Битолa, за Универзитетот во Тетово и за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Некои факултети конечно ќе имаат модерни и функционални згради, за нив се издвоени 32,5 милиони денари во 2026 година. Нашите студенти го заслужуваат ова одамна. Доста со импровизирани училници и лоши услови. Додека некои лажеа, правеа видеа и ветуваа студентски градови, ние наоѓаме решенија за проблемите. И најважно од сè – ги спроведуваме“, вели Бојковска.

Бојковска посебно ја истакна програмата за научниот оддел, информирајќи дека се издвојуваат 823,4 милиони денари.

„Или 26% повеќе отколку во 2025 година. Ова е еден од нашите приоритети – да инвестираме во научни истражувања и да имаме нација која ќе ја држи државата на здрави столбови. Никогаш порано науката и научната дејност не биле толку поддржани“, рече Бојковска.
The post Буџет за образование и наука 45,7 милијарди денари, 1,1 милијарда денари повеќе од лани appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: