Новата уметничка изложба на Бјанка вклучува женски модели облечени во латекс кои позираат чудно, како да се „мебел од луѓе“. Во меѓувреме, сподели и зошто излегува практично гола во јавност.
Бјанка Сенсори најмногу внимание привлекува со нејзините разголени, некогаш и вулгарни изданија, но сега се најде во фокус поради бизарна изложба.
30-годишната сопруга на Канје Вест, која по професија е архитект, направи уметничка изложба во Јужна Кореја со женски модели кои позираат провокативно, но и бизарно.
Моделите се наместени така што изгледаат како „покуќнина од луѓе“, додека самата Бјанка има улога на „домаќинка“ со мошне чуден изглед.
Има модели кои претставуваат столови, маси, па и лустер.
И моделите и Бјанка се облечени во костими од латекс.
Очекувано, Бјанка се соочи со критики – некои велат дека изложбата е вознемирувачка, а други велат дека е очигледно дека пробувала да копира познати уметници.
„Зошто луѓето го поддржуваат ова?“
„Интересно. Жените се сексуализирани предмети? Ајде и мажите да ги претвориме во предмети“.
„Како е ова уметност?“
„Профилот на Бјанка е еден од највознемирувачките“.
Бјанка планирала уште неколку вакви проекти во наредните неколку години за кои нема откриено други детали.
Во меѓувреме, даде и бизарно интервју во кое откри зошто излегува практично гола.
За интервјуто, поради некоја причина, Бјанка најмила жена да ги одговара прашањата место неа. Жената е именувана како „Бјанка 2“.
Бјанка не излегувала гола за да привлече внимание, туку тоа било начин да се искаже себеси како артист.
„Жена која е постојано во очите на јавноста е принудена да гледа како се множат различни верзии од неа, без нејзина согласност. Луѓето проектираат, измислуваат, бришат. Затоа таа ги обликува верзиите што другите ги создаваат – тие фантомски верзии“.
Како што вели во интервјуто, Бјанка сакала да биде своја и разголените изданија биле начин да го постигне тоа.
Притоа, воопшто не ѝ пречеле многуте критики, па дури ни можните казни за голотија во јавност.
„Бјанка ги гледа социјалните мрежи неутрално, не е емоционално инвестирана во нив. Не бара величање или критики, но обрнува внимание како се формираат двете и како циркулираат“, вели „Бјанка 2“ во интервјуто.
Пронајдете не на следниве мрежи:


