Вагнер ги обучува белоруските војници

Министерството за одбрана на Белорусија денеска соопшти дека припадниците на белоруските сили за специјални операции заедно со борците на приватната воена компанија „Вагнер“ во близина на границата со Полска ќе извршат мисија за борбена обука, на која министерството за одбрана на Полска соопшти дека ја следи ситуацијата и е подготвено за различни сценарија.

Како што се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Белорусија, мисијата за борбена обука ќе се одржи во Брестски, недалеку од границата со Полска, пренесе ТАСС.

„Вооружените сили на Белорусија ја продолжуваат заедничката обука со борците на приватната воена компанија Вагнер. Во текот на неделата единиците за специјални операции и припадниците на ПВК (Вагнер) ќе извршуваат задачи за борбена обука на полигонот Брестски“, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.