Вагнер се ребрендира, руските платеници ќе се нарекуваат нацистички единици во Африка

Францускиот весник „Монд“ објави дека руското Министерство за одбрана создало нов корпус наречен „Африкански корпус“ за да го зајакне своето присуство во Либија и Африка.

Францускиот весник наведува дека во оваа војска ќе има и членови на руската платеничка група Вагнер како и нови регрути, нагласувајќи дека се започнати процедурите за прифаќање на нов персонал, пренесува Телеграф.

Тепачка во затворот во Идризово
Денеска во 00.19 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправна установа затвор Идризово Скопје било пријавено дека во саботата осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од …
Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во Англија и Велс: затворени патишта и училишта
Обилни врнежи и поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а …

Ле Монд појасни дека овие руски реформи во групата Вагнер доаѓаат по меѓусебните посети на либиската и руската делегација, што резултираше со договор меѓу Хафтар и Путин за проширување на руското присуство во Либија и Африка, преку новиот африкански корпус.

Весникот посочува дека Москва преку Министерството за одбрана се обидува повторно да го изгради своето присуство во Африка и да го напушти брендот Вагнер.

Исто така, беше истакнато дека ова ново име е директно инспирирано од „Африканскиот корпус“, германските баталјони кои се бореле во Северна Африка за време на Втората светска војна, под команда на генералот Ервин Ромел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.