Важен апел за сите македонски граѓани кои во моментов се во странство

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва упати апел до македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со коронавирусот за итна регистрација во најблиското Дипломатско – конзуларно претставништво со цел да им се помогне да се вратат во земјава.
-Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.

Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации. Има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Македонија во Мадрид има само 16 пријавени. Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија.
Емаил адресите на ДКП-та се достапни на сајтот на МНР https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот), а потребни се податоци за: име и презиме, број на патна исправа, контакт телефон, земја и град каде се наоѓате и дали имате регулиран престој во која било странска држава.
-Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до утре до 17 часот (четврток 19 март 2020 год). Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка и за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство и за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома, наведува Димитров во апелот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.