Важна информација за корисниците на јавниот превоз во Скопје

ЈСП Скопје информира дека утре, сабота (26.10.2019 година) и недела (27.10.2019 година), во периодот од 7 до 17 часот поради одржување на кружна авто трка пред МРТ, автобуските постојки во тој реон ќе бидат вон употреба.
Автобуските линии 12 и 73 наместо „Скопски саем-Т“, за крајна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар-Универзитет ‘Свети Кирил и Методиј‘“ (постојка на линија 57), а како почетна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар 5-ТЦ Мавровка“ (постојка на линија 2).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.