Важни информации за вакцинираните со „АстраЗенека“: Еве кога се создава имунитет и кои се најчести несакани ефекти

Голем број македонски граѓани викендов заминаа во Србија каде се вакцинираа против коронавирус со вакцината на „АстраЗенека“.
Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави важни информации за сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат.
– По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.
– Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.
– Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.