Вака изгледаат вилите во кои летуваат холивудските ѕвезди

Познатите личности го сакаат само најдоброто. Затоа нема подобри препораки за совршен одмор доколку знаете дека некој од А-листата веќе престојувал на истото место.
Сајтот HomeAway издава неколку објекти во кои престојувале познатите, а тие објавиле и фотографии од тие вили за подобро да илустрираат како одмараат холивудските ѕвезди.
Поранешната викендичка на Џек Николсон на Бора Бора


Холивудскиот актер Џек Николсон бил сопственик на оваа вила на Бора Бора која е изградена во 1978 година и нуди панорамски поглед кон сината лагуна од дневната соба.
Вилата која Пенелопе Круз ја обожува


Дури 18 луѓе можат да престојуваат во вилата “Bougainvillea House” на Бахамите, која има седум соби, девет купатила и две кујни. Во оваа куќа редовно отседнуваат Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, Глен Клоуз и останатите познати ѕвезди.
Поранешната вила на Френк Синатра во Лас Вегас


Освен што е прекрасна, оваа вила има неверојатна историја, најмногу поради фактот што во неа престојувале Френк Синатра и актерот Клинт Вокер.
Куќата во кое е напишано сценариото за “The Sound of Music”


Во оваа вила која се наоѓа на заливот Монтего, Јамајка, Оскар Хамерстајн го напишал сценариото за филмот “The Sound of Music”, a во неа отседнале и Мерил Стрип и Трејси Улман. Вилата е идеална за мирен семеен одмор, а безбројните спа можности кои домот ги поседува обезбедуваат уште поквалитетен престој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.