Вака изгледа Ејупи по нападот со метална шипка (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

На социјалните мрежи хрватскиот прволигаш “Славен Белупо“, за кого сезонава настапува македонскиот интернационалец Музафер Ејупи, објави вознемирувачки фотографии од својот фудбалер, кој завчера беше нападнат во Копривница.
“Нашиот играч Музафер Музо Ејупи е на домашна нега, во својот дом во Копривница и закрепнува од тешкиот физички напад и претрпените “лесни физички повреди“ со кои се здоби пред два дена. За какви “лесни“ повреди се работи можеме да видиме од приложените фотографии“, пишуваат од хрватскиот клуб.
Еден од најдобрите фудбалери на “Славен Белупо“ и искусен голгетер беше дел од инцидент во центарот на градот, откако бил нападнат од 53-годишен таксист и примил директни удари во главата со метална шипка.
Денес, со свој извештај излезе и полицијата која соопшти дека Ејупи и неговиот роднина се жртви на напад, а 53-годишниот таксист го нападнале во самоодбрана.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK