Крит е познат по своите прекрасни плажи, со чисто сино море и мек песок.
Некои делови од крајбрежјето се соочуваат со сериозни проблеми на загадувањето.
Таков е случајот со плажата Аналукас која се наоѓа на Крит во префектурата Ласити. Оваа плажа е типичен пример во којшто се гледа колку ѓубре и пластика плови по водите на Егејското море. Отпадот се пренесува со ветрот и јаките морски струи и завршува на оваа плажа.
Секојдневното таложење на ѓубрето не дозволува користење на плажите и повеќе потсетува на ѓубриште отколку на плажа.
Во областа каде се наоѓа плажата Аналукас, недалеку од Ситија, се наоѓа напуштената населба SOE која некогаш била туристички комплекс.
Иако постои можност за закрепнување на населбата и нејзино враќање како туристичка дестинација, како што е и планирано, еколошкиот проблем којшто постои на плажата тоа го оневозможува.
Погледнете го видеото од највалканата плажа во Грција кое е снимено со дрон: