Вака изгледа најскапата плажа во Црна Гора: Забрането е да носите храна и пијалаци, а за целодневно уживање треба да издвоите околу 50-на евра

Кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата…
Плажата Сини Хоризонти во Тиват оваа сезона судејќи по сè ќе биде најпопуларна во Црна Гора.
Но, освен поради природните убавини, за Синиот хоризонт сè повеќе се зборува и поради цените на кои туристите не навикнале, пренесува српски „Телеграф“.
Туристите кои до плажата одат со автомобили треба да пресметаат дека за паркинг ќе им бидат потребни 3 евра.
Исто толку чини и лименка на било каков газиран пијалак, односно сок во барот на плажата, додека пак коктелите чинат 8 евра.


Додека во поголемиот дел од црногорските летувалишта изнајмување на две лежалки со чадор е 10 евра, на Сини Хоризонти тоа чини 15 евра.
Доколку се упатите до таму рано наутро, без да сте појадувале, може да јадете во ресторанот кој се наоѓа на плажата.


Омлет, цеден сок од портокал и кафе чинат 20 евра.
На влегување на плажата јасно е назначено дека е забрането внесување на храна и пијалаци, па доколку сакате да поминете еден ден таму ќе ви бидат потребни околу 50-на евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.