Вака келнерите ја замислуваат својата работа кога повторно ќе се отворат кафулињата

Во Чешка планираат отворање на терасите на кафулињата и рестораните на 25 мај па некои тамошни угостители веќе почнаа да размислуваат за тоа како ќе изгледа работата тогаш.
На Фејсбук излезе забавно видео кое прикажува како келнерите ја замислуваат својата работа по 25 мај.
„Не сакаме ништо да препуштиме на случајност. Очекуваме растојание од метар и пол меѓу гостите и персоналот. Развивме интерни методолошки правила и моментално ги спроведуваме во пракса со тимот и спремни сме на сите потенцијални потешкотии“, се шегувале во еден чешки ресторан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.