Бјанка Ценсори по секоја цена сака да го спаси бракот со контроверзниот рапер Канје Вест. Како што пишува „Дејли мејл“, таа подготвила план како да го направи тоа. Сепак, пријателите на парот стравуваат дека младата архитектка има задни намери.
Според изворите, Бјанка верува дека основањето семејство со Канје би ја спасило нивната врска, но и би го заштитило од контроверзното однесување.
„Бјанка го убедува Канје да имаат дете затоа што верува дека тоа ќе ги спаси нивниот брак и врска“, изјавила неименуван извор за „Дејли мејл“, додавајќи: „Таа верува дека друго дете би го заштитило од опасните настани во кои влегува“.
И покрај сите критики околу одгледувањето деца кои Канје ги има со Ким Кардашијан, Бјанка „очајно“ сака свое дете за да го смири несоодветното однесување на нејзиниот сопруг.
„Таа знае колку е неверојатен тој како татко и верува дека постапува поинаку околу своите деца – тој е повнимателен и со помала веројатност да се однесува на начини кои можат да предизвикаат штета“, забележал изворот.
Иако некои велат дека Бјанка сака само да го прошири своето семејство за да го смири контроверзниот рапер, нивните блиски пријатели веруваат дека таа има задни намери. Сметаат дека Ценсори сака финансиски да се обезбеди за во иднина, со оглед на тоа што нивниот брак, како што тврдат, речиси се распаднал.
Инаку, Вест има четири деца со поранешната сопруга Ким Кардашијан – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.
Пронајдете не на следниве мрежи: