Вака се храни кралицата Елизабета: Најмногу сака чоколадо, а еве која храна е забранета во дворецот

Британската кралица Елизабета Втора е многу пребирлива кога станува збор за храна, но и ригорозна.
На пример, таа не поднесува тестенини, ориз и компир поради што тие се забранети во палатата. Ист е случајот и со лукот кој 94-годишната кралица го избегнува поради лошата миризба, а не е љубител ни на кромид, брза храна…
Но, што тогаш јаде Елизабета? Одговорот на прашањето го дал поранешниот готвач во кралската палата Дарен Мекгрејди, кој открил како изгледа нејзиното дневно мени.


Својот ден, Елизабета најчесто го започнува со едноставен појадок – чај и кекси. По нив следуваат овесни снегулки, но бидејќи кралицата внимава на здравјето, ги одбира оние со малку јаглехидрати.
И ручеците на кралицата се воглавно здрави – за овој оброк таа најчесто одбира мала порција грилувана риба или пилешко со спанаќ и лесна салата.
Меѓутоа, кога ќе дојдат попладневните часови, Елизабета се „фрла“ на помалку здравата храна. Таа знае да ужива во кифлите со мармалад и крем, а освен тоа е огромен љубител на чоколадо.
„Таа е вистинска чокохоличарка. Сè што ќе ставевме на мени, а содржеше чоколадо, таа го одбираше“, рекол готвачот кој открил и интересен начин на кој Елизабета им дава до знаење на готвачите дека некој оброк не ѝ одговара.
„За време на оброците, на масата до неа стои бележник во кој, ако одредено јадење не ѝ е вкусно, пишува: ‘Повеќе не сакам да го јадам ова’“, вели Мекгрејди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.