Вака Ѓоковиќ го прослави освојувањето на трофејот во Париз

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ по пети пат во кариерата го освои трофејот од престижниот Мастерс турнир во Париз.  Пред него е само Надал со освоени 35 титули на Мастерс турнирите.

Пред полни трибини во салата „Берси“ во Париз, Ѓоковиќ во финалето  беше подобар од младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 6-3 и 6-4.

За лидерот во светскиот тенис ова е 34 трофеј во кариерата  освоен на турнирите од серијата 100 . Ѓоковиќ  во Париз воедно го освои 77 пехар во кариерата. На патот кон тронот во Париз, Ѓоковиќ ги победи Мутеа, Едмундо, Циципас, Димитров и Шаповалов.
А, како и што му доликува Ѓоковиќ го прослави освоениот трофеј, но на невообичаен начин. Иако сме навикнати по големите успеси спортистите да организираат журки до раните утрински часови, Ноле се одлучи за многу поскромна прослава. Имено, тој со својот брат титулата ја прослави во воз. “Им благодарам на сите на поддршката“, напиша Ѓоковиќ до фотографијата од прославата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK