Вакцината на „Фајзер“ ќе стави крај на пандемијата- ќе треба да се прима еднаш годишно

Научникот и милијардер кој стои зад вакцината за коронавирусот на Фајзер и Бионтек, Угур Сахин, тврди дека нивната вакцина ќе го „разбие“ вирусот и ќе стави крај на пандемијата.
Извршниот директор на германската компанија Бионтек, Сахин, изјави дека ако се постави прашање дали може да се запре пандемијата со оваа вакцина, неговиот одговор е: „Да“.
Сепак, се уште има неодговорени прашања, вклучително и дали вакцината е ефикасна кај постари лица, имајќи предвид дека претежно волонтерите за време на пробите беа млади и здрави луѓе, објави Дејли меил.


– Комплетни податоци се очекуваат во следните три недели, рече Сахин.
Според него, вакцината се очекува да може да спречи појава на болеста, но дали ќе може да ги спречи луѓето кои го носат вирусот да го пренесат на други, можеби нема да биде познато уште една година.
Бионтек и Фајзер во понеделникот објавија дека нивниот кандидат за вакцина ги надмина очекувањата во клучната фаза од трите испитувања, што се покажа ефикасно во спречување на луѓето да се разболат во 90 проценти од случаите.
Во интервју за „Гардијан“, Сахин рече дека се надева дека вакцината ќе обезбеди најмалку една година заштита, сугерирајќи дека ќе биде потребно вакцината да се прима еднаш годишно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.