Вакцината против ХИВ дава резултати

Научниците од Харвард и МИТ се полни со оптимизам поради вакцината која ја нарекле “Имбокодо”, што во превод значи “карпа”. Оваа вакцина ја примиле 393 здрави доброволци на возраст од 18 до 50 години со цел да се утврди како таа делува врз организмот. Научниците воочиле дека вакцината го зајакнала нивниот имунолошки систем.
“Имбокодо” е тестирана во 2015 година во Африка, Тајланд и САД, а тестирањето траело 48 недели. Испитаниците добивале седум комбинации од вакцини пред да ја примат оваа.

Научниците започнале со тестирање на 2600 жени кои припаѓаат на ризични групи, а живеат на југот на Африка. Резултатите ќе се знаат во 2021 година, пренесува “Daily Mail”.
“Резултатите кои ги имаме досега се исклучително важни бидејќи се покажа дека оваа вакцина го зајакнува имунитетот и кај луѓето и кај мајмуните. Кај 67 отсто од мајмуните се разви отпорност на ХИВ. Резултатите кои сега ги очекуваме со нетрпение ќе нѝ покажат дали луѓето ќе бидат заштитени од ХИВ”, изјавил професорот Ден Бароуч.


Тој додал дека оваа вакцина е составена од неколку видови на вирусот ХИВ, а во иднина би можела да биде и универзална. Претходните истражувања и потенцијалните лекови кои произлегувале од нив биле врзани за одредени регии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.