Вакцина против новиот птичји вирус Х7Н9

„Новиот вирус на птичји грип Х7Н9, од кој веќе се заразени 107 лица во Кина и едно во Тајван, и од кој веќе починаа 22 лица, може во секој момент да почне да се пренесува од човек на човек, поради што е потребна подготвеност и разработување на вакцина“, изјави доктор Антони Фаучи, директор на Американскиот институт за алергии и инфекциски болести.
Тој истакнува дека невозможно е да предвидиме кога тој вирус може да мутира и да биде способен да се шири меѓу луѓето. Поради тоа мора исе сфати ситуацијата сериозно. Фаучи дополни дека засега не може во целост да се исклучи можноста дека имало пренесување од човек на човек, но истражувањата во Кинескиот центар за превенција и контрола на болести покажале дека над 1000 лица, кои биле во контакт со заболените не се заразени.
 Тој појасни дека во САД се подготвува вакцина против новиот вирус и оти првите клинички испитувања би требало да се одржат кон крајот на мај или почетокот на јуни.„Новиот вирус на птичји грип Х7Н9, од кој веќе се заразени 107 лица во Кина и едно во Тајван, и од кој веќе почи

Пронајдете не на следниве мрежи: