Министерот за здравство Венко Филипче, во Клик Плус на ТВ21 објаснува зошто не стигнале 8 000 вакцини од Србија како што беше најавено. Во прашање се технички проблеми. Србија ја досредува докуменатацијата и е во контакт со адвокатското друштво на Фајзер, се со цел и правно да биде регулиран овој процес. Да нема сомнежи дека нивниот производ се препродава.
„Сепак не ги добија долго очекуваните документи од британската компанија Фајзер за да можат да можат да ги извезат вакцините од Србија. И тоа е една политика која секоја компанија ја има во овој изминат период кога станува збор за вакцините. Инсистираат на тие доверливи и директни договори со државата. Да се избегнат вообичаените процедури коишто фармацевските компании ги имаат преку локалните компании, веледрогерии“, истакна Венко Филипче.
Премиерката на Србија пак, Ана Брнабиќ изјави дека сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата од вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола од производителот. Како што појасни Брнабиќ, договорот меѓу Србија и американската компанија предвидува дека вакцините не можат да се увезуваат.
„Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Северна Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од Фајзер дека нивните вакцини можат да бидат донирани“, посочи Ана Брнабиќ.
Македонија е во исчекување на 200.000 кинески вакцини. Премиерот Заев вчера најави дека вакцините на компанијата Синофарм треба да пристигнат на 15 или 16 февруари т.е. во понеделник или вторник. Тоа би требало да биде првата поголема пратка на дози за имунизација на населението против вирусот Ковид-19. Претходно премиерот најавуваше помош во вакцини, освен од Србија, и од Бугарија и Грција. Сепак, вакцини не пристигнаа од ниту една од овие држави.