Вакцините од Србија нема да пристигнат денес на Табановце

Испораката на вакцини, кои Србија требаше да ги донира на С. Македонија во четврток, е одложена за неколку дена, соопштија од македонската Влада и Службата за соработка со медиуми на претседателот Вучиќ.
Од Владата, пред полноќ, соопштија дека, поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот се одложува за друг датум следните денови.
Од Кабинетот на Вучиќ дадоа слично соопштение, дека донирањето на вакцините е одложено „поради неопходност за набавка на дополнителна техничка документација, а вакцините ќе и бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови“.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце ќе му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија и ги донира на С. Македонија.
Станува збор за првата пратка од вкупно 8.000 вакцини на „Фајзер“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.