Поранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, рекол дека поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола е фудбалски револуционер.„Во денешниот фудбал сите се опседнати со тактиката, таа стана многу поважна од техниката. Тренерите најпрвин размислуваат за тактиката, а дури потоа за играчите со кои располагаат. На поголем дел од тренерите поважен им е резултатот од начинот на игра на нивниот тим. Поради тоа Гвардиола е револуционер во фудбалската игра. Кај него најважни се љубовта кон играта, стилот и играчите“, изјавил Валдано за шпанските медиуми.Гвардиола од 1.јули на клупата на Баерн Минхен ќе го наследи Јуп Хајнкес, тој како тренер на Барселона за четири години (2008-2012) освои 14 трофеи
МакфаксПоранешниот спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, рекол дека поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола