Шпанска Валенсија е многу сериозна за ангажман на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, откако „Марка“ пред неколку дена објави дека „љиљаците“ се многу заинересирани за ангажман на бескомпромисниот борец и капитен на Динамо Загреб.
Како што објавија хрватски меидуми, многу големи се шансите Адеми до крајот на неделава да направи трансфер, а тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо во клубот јасно ставил до знаење дека како знаат и умеат да му го обезбедат македонскиот репрезентативец. Гатузо, кој беше бескомпромисен на теренот обожува фудбалери „од негов тп“, па не е ни чудо што толку загризал за Адеми.