Ванковска: Почнаа со укинување на РМ, со пиетет и со солзи да го издржиме денот!

За универзитетската професорка Билјана Ванковска денес е Ден на жалост. Според неа, синоќа почина парламентарната демократија. Таа на социјалните мрежи напиша:
„Драги луѓе, не е знак на слабост или предавање кога се одбележува Ден на жалост. Синоќа почина парламентарната демократија. Почнаа со укинување на РМ. Дајте со пиетет, па и солзи да го издржиме денот. Не барајте од мене или кој било друг волшебно стапче или решение. Не можам да одговорам на стотици и стотици загрижени прашања во инбокс. И јас тагувам. Но, животот нема да запре, битката продолжува. Lotta continua!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.