Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси, рекол дека е пресреќен што конечно ја освоил својата прва шампионската титула во Премиер лигата.
Холанѓанецот постигна ’хет-трик’ против Астон Вила, а со победата Јунајтед, на четири кола до крајот на првенството, ја обезбеди титулата. „Не е важно кој ги постигна головите, важно е дека победивме. Игравме одлично од самиот почеток. Многу сум среќен, но чувството е малку чудно, морав толку долго да чекам на својата прва титула“, рекол Ван Перси.„Ова е неверојатно чувство, јас играм во фантастичен тим. Ова е 20-та титула за Јунајтед и целосно ја заслуживме. Сега сакам малку да уживам во тоа“, дополнил стрелецот на 24 голови оваа сезона во Премиер лигата.
Макфакс
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси, рекол дека е пресреќен што конечно ја освоил