Вардар вечерва ќе игра под рефлектори на нашиот најголем стадион

По пауза од еден меч, и тоа од оправдани причини, Вардар повторно ќе игра во вечерен термин. Имено дуелот со Силекс денес од 7.коло е закажан за од 20 часот под светлоста на рефлекторите и тоа на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Секако дека убава можност љубителите на фудбалот да уживаат во одличен натпревар меѓу две квалитетни екипи, меѓу клубови кои некогаш беа лути ривали во битката за титулата во ПМФЛ.

Додека останатите мечеви од 7.коло во ПМФЛ се играат од 15 часот, а се среќаваат Брера – Тиквеш, Пелистер – Работнички, Воска – Струга ТЛ, Шкупи – Беса и Гостивар – Шкендија.

Пронајдете не на следниве мрежи: