Вардар продолжува да носи засилувања за вториот дел од сезоната, нов играч на црвено-црните е напаѓачот Едиз Спахиу.
23-годишниот напаѓач во Вардар доаѓа од екипата на Тиквеш за која во изминатата полусезона даде четири голови на 18 натпревари.
Тој и минатата сезона беше во Тиквеш со кој го освои Купот на Македонија. Во ПМФЛ има одиграно вкупно 106 натпревари и постигнато 23 голови.
Спахиу има настапувано и за слекциите на Македонија до 19 и 21 година