Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во ракометното дерби



Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 24-20 во големото македонско дерби кое се одигра вечерва во Скопје во рамки на 8 коло од плеј-оф фазата во Супер лигата.

Вардар беше во минимално, но константно водство речиси 40-ина минута во СЦ „Јане Сандански“ кога актуелниот шампион прв пат дојде во водство (18-17), а при резултат 20-19 битолскиот состав пропушти и неколку шанси да ја зголеми предноста.

Ракометарите на Вардар го искористи тоа и со серија од 5-0 дојдоа до важна победа со која ја пролонгираа разврската во битката за шампионската титула.

Еурофарм Пелистер останува лидер на табелата со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Вардар на шест кола до крајот на македонското првенство.

Јасухира со шест голови беше најефикасен во редовите на Вардар, а Томовски запиша 12 одбрани на голот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: