Вардар изгуби и од Силекс

Во убав амбиент, Вардар го пречека Силекс во Скопје и натпреварот заврши со победа на гостите од Кратово во самиот финиш (0-1) кој го одбележа драма и неверојатен погодок кој беше поништен, па признат и вредеше три бода за избраниците на Александар Васоски.

Се играше 94. минута кога Силекс успеа да постигне гол преку Додев. Прво, линискиот судија го крена офсајд-знаменцето и го поништи голот поради офсајд. Сепак, следеше реакција на главниот судија, имаше консултација со линискиот арбитар, па голот на кратовчани на натпреварот во Скопје беше признат. Невидени сцени досега, барем за македонскиот фудбал, а арбитрите ќе треба да дадат свое објаснување зошто голот е признат.

Пронајдете не на следниве мрежи: