Вардар ќе оди на победа во Битола

Фудбалското првенство на Македонија, по зимската пауза, ќе продолжи в недела со натпреварите од 19.коло. Најмногу внимание, во првото пролетно коло, ќе привлече натпреварот во Битола, каде ќе се сретнат Пелистер и Вардар.

Во пресрет на дербито Вардар е лидер на табелата со 38 бодови, додека Пелистер се наоѓа на 10-та позиција со 19 бодови и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата и за избегнување на баражот за опстанок во најсилната фудбалска конкуренција кај нас. Вардар, во подготвителниот период, со новиот тренер Нилока Илиевски-Џиџи, одигра седум натпревари и не забележа ниту една победа – „црвено-црните“ загубија од Миравци, ФК Минск, ОФК Београд и Тетекс, а ремизираа со Бохемијанс, Монтана и Чеалул. Новиот предводник на Вардар, во изјава за клупската интернет страница, најавува дека неговиот тим и покрај лошите резултати во подготвителниот период, во Битола ќе оди на победа. „За Вардар е зацртано првото место во првенството, и согласно тоа на секој натпревар Вардар ќе оди на победа во Битола, без оглед на слабите резултати низ подготвителниот период. Но досегашните резултати не беа на прво место во приоритетите, туку да се подготви екипата максимално физички затоа што имавме доста повредени играчи… Сето тоа сега го оставаме зад себе и со дополнително нагласена мотивација им пристапуваме на првенствените средби“ – изјавил Илиевски. Инаку, Вардар, во петокот замина за Охрид, каде ќе се подготвува за мечот со Пелистер, кој ќе се одигра в недела во Битола, со почеток во 14 часот.
Макфакс
Фудбалското првенство на Македонија, по зимската пауза, ќе продолжи в недела со натпреварите о

Пронајдете не на следниве мрежи: