Ако мислите дека варената зелка има благ вкус, една едноставна состојка во ова јадење може да ви го промени мислењето.
Кулинарскиот блог „Well Plated“ советува дека за варена зелка, само треба да го прилагодите методот на готвење и да додадете една клучна состојка.
Имено, за почеток, потребно е кратко да ја пропржите зелката во комбинација со малку сол и бибер, бидејќи тоа го подобрува вкусот на овој зеленчук.
Но, состојката што ќе ја „трансформира“ зготвената зелка е јаболков оцет. По додавањето на јаболков оцет, зелката ќе биде мека и карамелизирана, а нејзиниот вкус ќе наликува на печена зелка.
Покрај вообичаените состојки, препорачливо е да користите маслиново масло и путер.
Конечно, откако зелката и другите состојки ќе омекнат и ќе поруменат, додадете половина лажица јаболков оцет. Ако сакате поароматични јадења, додадете повеќе оцет. Промешајте и јадењето е спремно за сервирање.
The post Варената зелка ќе биде многу повкусна ако ја подготвите со една едноставна состојка appeared first on Во Центар.



