Ватикан: Папата продолжува да управува со црквата, но можеби не како пред болеста

Папата Франциск ќе продолжи да ја води Католичката црква, но можеби не на ист начин како пред здравствената криза што го остави во болница 38 дена, изјави денеска државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.

Тој рече дека постојано добива пораки од верниците кои се молат за здравјето на папата и способноста да продолжи со својата работа, пренесува Анса.

„Можеби не како порано, ќе треба да најдеме начин на кој, тој, сепак, ќе може да управува со црквата“, рече Паролин.

Пронајдете не на следниве мрежи: