Ваучерите за домашен туризам веќе може да се користат

Ваучерите за домашен туризам веќе може да се користат

Сместувачките капацитети во Македонија ги отворија вратите за туристите кои ќе плаќаат со ваучери за туризам што им ги додели државата. На платформата domasiedoma.gov.mk за ваучерски туризам се пријавени 443 сместувачки капацитети низ државата, меѓу кои и елитни хотели, потоа приватни соби, вили, апартмани, кампови, одморалишта…

Во нив до 15 декември годинава  ќе можат да отседнат 117.122 граѓани со ниски примања кои добија ваучер за туризам од 6.000 денари. Угостителите и хотелијерите оценуваат дека луѓето се заинтересирани за искористување на поддршката, но засега се уште се плашат од ситуацијата со ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.