Вашето бебе расфрла храна и истура течност? Еве зошто тоа е одлична навика!

Верувале или не, бебињата кои си играат со храната и кои својот оброк го расфрлаат каде стигнат, токму на тој начин ја изразуваат својата љубопитност за истражување на светот кој ги опкружува и се наоѓаат на добар пат да станат генијалци.
Научниците од универзитетот во Ајова сметаат дека неуредните деца учат многу побрзо од своите врсници.
Течностите како млеко, сок или вода се одличен пример, бидејќи бебето потешко сфаќа дека млекото е млеко, без разлика дали е во шише, чаша или амбалажа. Тие на основа на сетилото за вкус можат да ја согледаат разликата помеѓу млеко и јогурт, но “од око“ овие две течности им изгледаат исто.
Затоа е неопходно да им дозволите на децата да си играат со течностите и кашичките со цел побрзо да ја сфатат суштината на овие поими.
Дечињата во истражувањето кои си играле и ја расфрлале храната со раце, многу побрзо научиле за одреден производ со помош на допир, што пак им овозможило да го препознаат производот во сосема поинаков контекст.
Заклучокот на експертите е дека децата кои си играат со храна се поспособни и помотивирани побрзо да ги учат и полесно да ги совладуваат новите знаења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.