Вашето прво патување со бебето: Кое превозно средство да го изберете?

Ако се направи листа од превозните средства кои треба да се користат при патување со бебе, оние што најбрзо ќе стигнат до целта се најпосакувани. Но, треба да размислите и кое превозно средство е најпријатно, најбезбедно и во кое од нив, бебето може лесно да ги задоволи потребите поврзани со исхраната, одржувањето на хигиената, спиењето и играњето додека е будно. Ако патувате во странство, не заборавајте да се осигурате!
Вашето прво патување за бебето: Кое превозно средство да го изберете?
Автомобил


Важно е во автомобилот да имате поставено безбедносно седиште за автомобили. Нанесете му крема за сончање на бебето или ставете пелена на прозорецот до кој тоа ќе биде. Проветрете го автомобилот, но внимавајте да не му биде ладно на бебето.
Во текот на летото, разликата на температурата во автомобилот не треба да биде повеќе од 7-10 степени во однос на надворешната. При паузи, треба да се отворат сите прозорци и врати пред да влезете во автомобилот за да го избегнете премногу топлиот воздух. Или, едноставно вклучете го клима уредот неколку минути пред да го внесете вашето бебе во него.
Никогаш не го оставајте бебето во автомобилот само, дури ни за момент!
Возете полека и застанувајте на секои 150-200 километри за да направите пауза.
Никогаш не патувајте сами со мало дете! Покрај возачот, треба да патува уште едно возрасно лице, кое во секое време ќе внимава на детето.
Авион


Заблуда е дека бебињата се вознемируваат за време на летот со авион. Напротив, тие брзо се навикнуваат, само треба да обрнете внимание на притисокот во ушите кога авионот се искачува или спушта. Потоа дајте му на бебето да јаде и да се напие вода, бидејќи потоа може и да заспие.
Автобус
Ако одлучите да патувате со автобус, најдобро е тоа да го направите ноќе за тоа во текот на патувањето бебето да спие. Чувајте ја торба со потребни нешта до вас за да може веднаш да реагирате што и да ви затреба.
Воз
Возот е прилично добар избор, особено ако има и дел за спиење. Само, треба да размислите за времетраењето на патувањето. Секогаш треба да носите малку повеќе храна и вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.